По 10 години се разведуваат Коки и Росана

Македонскиот музичар Коки Јанков од некогашното дуо Дуле и Коки се разведува од Росана Јанков, со која беше 10 години во брак. Веста ни ја потврдија нивните блиски пријатели, а редакцијата на „Репортер“ се обиде и од двајцата да земе изјава, но и двајцата до сега ништо не одговорија.

Росана портпарол во АМСМ и Коки ја имаат ќерката Лара. Изминативе години важеа за среќна и стабилна двојка, а Росана ги водеше сите работи околу неговата кариера. Таа ги договараше дури и прашањата со новинарите, ги организираше промоциите. Уште летото почнаа сомнежите дека нешто не е во ред со нив, затоа што Росана постојано на социјалните мрежи објавуваше слики на кои е само со сестра ѝ или со другарките.

Во интервју за „Репортер“, лани во ноември Коки ни раскажа дека најголемата поддршка ја има од Росана, која се грижи буквално за се околу неговата кариера. Двојката се запознаа пред 16 години во дискотеката „Б2“ каде што тогаш свиреа Дуле и Коки.

Никола Јанков – Коки: Семејството на Дуле ми даде поддршка да продолжам да пеам

Scroll to Top