Министерот за надоворешни работи, Бујар Османи денеска објави дека направил профил на социјалната мрежа ТикТок.
Го сподели и првото видео во кое во 60 секунди презентира што направил изминатата недела. На профилот на оваа мрежа која главно ја користат тинејџери, Османи ќе ги споделува своите активности како министер.
@bujar.m.osmani♬ original sound – Bujar Osmani
Првиот пак вицепремиер Артан Груби од поодамна има Тик Ток, па ама тој е малку поинвентивен па политичките видеа ги пушта со музика.
За разлика од останатите земји во светот и реагионот каде повеќето политичари имаат ТикТок, и се малку послободни , па објавуваат и приватни видеа, кај нас жива досада и ретко да најдеш нешто штосно што би споделил некој политичар на оваа социјална мрежа.
@artangrubiÇa bone vol. 2♬ original sound – ArtanGrubi