Овој режим на санкции е калибриран да трае со десетици години и би можел да биде прекинат само ако се случи некое чудо, а ќе биде полош од познатиот амандман на Џексон – Ваник, затоа што е сеопфатен и не може да биде ни суспендиран со никаква одлука на претседателот на САД, без амин од Конгресот на САД.
„Заострувањето на санкциите ги уништи сите надежи, дека со доаѓањето на власт на Трамп, ќе дојде до подобрување на односите“.
„САД со новите санкции кон Русија, фактички објавија вистинска трговска војна“, оцени Дмитри Медведев.
Рускиот премиер истовремено барал целосна увереност дека со озаконувањето на американските санкции, нема да се спречи неговата земја да се развива:
„Ние ќе продолжиме спокојно да ја развиваме својата земја и економија. Ќе се занимаваме со увозот и извозот на своите производи и ќе ги решаваме државните задачи, сметајќи пред се на самите нас. Ние тоа го научивме во последните години и тоа во услови на затворени финансиски пазари, и задирањата на странските инвеститори од типот на вложувањата во Русија, сега истите тие се соочени со санкции, а санкциите се однесуваат и на трети лица и земји“.
Медведев уште додаде: „Ние и со ова ќе излеземе на крај. Санкциите се бесмислени, но од нив ќе имаме и корист“.
Претседателот на владата на Руската Федерација, оцени дека американскиот естаблишмент го присилил Доналд Трамп да потпише санкции против Русија, Иран и Северна Кореја, а тоа само го потврдува фактот за немоќта на сегашната американска администрација:
„Администрацијата на Трамп се покажа целосно немоќна и своите извршни овластувања ги предаде на Конгресот на САД. Тоа го менува односот на сили во политиичките кругови во САД, а веројатно е дека се работи за првите чекори на патот на отстранувањето на Трамп од власта“.
Медведев процени: „Американскиот естаблишмент целосно го надигра Трамп. Новите санкции го покажаа начинот на кој Трамп се постави на вистинското место. Ќе следат нови напади, чија крајна цел е негово отстранување од Белата куќа.
Несистемскиот играч мора да биде „елиминиран“.
По негово мислење, заострените санкции против Русија ги елиминираше сите надежи дека ќе дојде до подобрување на односите со Русија за време на администрирањето на Трамп.
Овој режим на санкции е осуден да трае со децении и ќе трае ако не се случи некое чудо, а ќе биде полош од познатиот амандман на Џексон – Ваник, затоа што е сеопфатен, и не може да биде суспендиран од никакви одлуки на претседателот на САД без дозвола на Конгресот на САД.
Медведев процени:
Односите меѓу Русија и САД ќе бидат крајно напнати, независно од составот на Конгресот на САД и личноста претседател. Ни претстои долго разјаснување на односите во меѓународните тела и судовите, со понатамошно засилување на меѓународната напнатост“.