Европската унија на почетокот на оваа недела даде конечен ултиматум на Унгарија, Полска и Чешка, да ги примат имигрантите во рок од месец дена, а ако тоа не го сторат, наводно ќе се соочат со казни во склоп со правилата на ЕУ.
Се разбира, Будимпешта, Варшава, и Прага ова го гледаат како ултиматум и порачуваат дека нивниот став по ова прашање нема да се промени.
Вчера Варшава му порача на Брисел дека нема намера да ја почитува одлуката на Судот на правдата на ЕУ, и полското Министерство за животна средина и одговорија дека ќе ја игнорираат пресудата и привремената забрана за сечење на Беловјешката прашума, која е заштитена од УНЕСКО.
Еколозите предупредуваат дека сечењето и изворот на дрва, постари и од 100 години, е очигледно ккршење на европските закони од подрачјето на „Natura 2000“. Но, полските власти тврдат дека сечењето на дел од шумата за да се спречи ширењето на опасните штетници, кој се појавија во прашумата на границата со Белорусија.
Речиси и да нема подрачје во кое Полска и ЕУ не се во конфликт, но најголемиот дел изби кога полската влада го покрена процесот на преобликување на правосудниот систем, а ЕУ се закани дека често ќе ги казнува земјите ако бидат усвоени некои од мерките.
Откако Варшава се оглуши на заканите, Европската комисија одлучи да ја казни Полска поради обидот за укинување на поделбата на власта.
Европската комисија воведе санкции на Полска, иако Унгарија порача дека ќе вложи вето и ќе го спречи казнувањето на Варшава.
Санкциите се обично главната алатка со која ЕУ ги спроведува своите цели во надворешната и безбедносна политика. Според санкциите на Брисел, „тие треба да помогнат во ширењето на мирот, демократијата и почитувањето на владеењето на правото и човековите права“.
Целта на санкциите е да земјите на кои им се наметнати, бидат принудени на политички промени, иако тоа досега никогаш не се случило. Доволно е да се потсетиме на примерите на Куба, Иран, Северна Кореја и сега Русија.
Но, Брисел е уверен дека со притискот и санкциите ќе се „изолираат владите и другите групи кои ги загрозуваат интересите на ЕУ, или ги кршат меѓународните стандарди, а тие ќе траат се додека, владите не ги променат своите ставови“.
Воведот во најавата дека на Полска не и е потребна Европската унија
Еднакво како што беше случај со другите земји, Полска не само што не се плаши од заканите за санкции, туку завзема и цврст став, а ако не биде потребно, може да излезе и од Европската унија.
„Полската влада ќе го отовори прашањето за членство на земјите во ЕУ и европската иднина на земјата“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Поранешниот претседател на Полска во акциите на Варшава гледа опасен обид да земијте бидат вовлечени во конфликт со ЕУ, а на крајот би можела да приопшти дека на Европската унија воопшто не и треба Полска, известува ЕУ Обсервер.
„Полската влада се подготвува да го разгледа прашањето за членство на земјата во Европската унија“, изјави претседателот на Советот на Европа и поранешен претседател на Полска Доналд Туск.
Според неговите зборови, „европската иднина на Полска денеска е ставена под знак прашалник“.
„Самиот факт дека одлуката на Европскиот суд е така арогантно одбиена, говори дека Владата на Полска покрена многу опасен процес. Ова е ситуација на очигледен обид да Полска влезе во конфликт со Европската унија“, изјави челникот на ЕУ во својата татковина.
„Ова е како вовед во најавата дека на Полска не и треба Европската унија, и дека на ЕУ не и треба Полска“, уверен е пратеникот во Европскиот совет и додаде „дека се плаши, дека овој момент се поблиску се приближува“.
Постојат низа на теми, во кои полската влада се однесува многу контроверзно. Тоа го гледа цела ЕУ, а понекогаш и Будимпешта“, изјави Доналд Туск, иако Орбановата поддршка на Варшава досега не изостана.
Како што тоа го наведовме, Европската комисија се закани дека ќе воведе санкции на Полска поради реформите во правосудството. Варшава може да биде лишена од правото на глас во Европскиот совет, нешто што би било како одлука без преседан во историјата на Европската унија, нагласува ЕУ Обсервер.
Освен тоа, Европската комисија почна да ги подготвува работите со намера да ја казни Полска за непочитување на одлуката на Европскиот совет за давањето азил на бегалците кои се наоѓаат во Грција и Италија. На другата страна, Полска се подготвува да побара отштета од Германија за штетата направена во Втората светска војна, што ќе отвори ново поле на конфликти со Европската унија, заклучува ЕУ Обсервер.