Со години се шпекулира дека успехот на Илон Маск се должи на рудникот за смарагд, кој наводно го поседувал неговиот татко. Маск на Твитер објасни дека неговиот татко никогаш не поседувал рудник за смарагд и дека татко му барал финансиска помош од него.
„Пораснав пониско од средна класа, но немав среќно детство. Никогаш ништо не наследив од никого, ниту некој ми даде некој голем финансиски подарок. Татко ми имаше мал електро/машински бизнис кој беше успешен 20 до 30 години, но дојдоа тешки времиња. Тој банкротираше по 25 години и бараше финансиска поддршка од мојот брат и мене“, раскажал Маск.
I grew up in a lower, transitioning to upper, middle income situation, but did not have a happy childhood. Haven’t inherited anything ever from anyone, nor has anyone given me a large financial gift.
My father created a small electrical/mechanical engineering company that was…
— Elon Musk (@elonmusk) May 6, 2023
„Сепак, тој заслужува признание што ме научи на основите на физиката, инженерството и градежништвото, што е повредно од парите, но тој не ме поддржа финансиски по средното училиште на некој значаен начин. Нашиот услов да му дадеме финансиска поддршка беше да не се однесува лошо кон нас. За жал, се однесуваше лошо. Што се однесува до таканаречениот „рудник за смарагд“, нема објективни докази дека овој рудник некогаш постоел. Тој ми кажа дека има удел во рудник во Замбија и јас му верував некое време, но никој никогаш не го видел рудникот, ниту има записи за неговото постоење. Да постоеше овој рудник, немаше да има потреба од финансиска поддршка од мене и брат ми“, напиша Маск.
When we moved to Toronto in 1989, we stayed in a one-bedroom apartment until I found a rent-controlled apartment, which took us three weeks to clean up. We all worked, were happy and optimistic. The first I heard of an emerald mine was on @Twitter about 10 years ago. Thanks for… https://t.co/6gIdvj9Yel
— Maye Musk (@mayemusk) May 6, 2023
Илон Маск не пораснал меѓу смарагди, потврди неговата мајка Маја.
„Кога се преселивме во Торонто во 1989 година, живеевме во еднособен стан додека не најдов стан под кирија. Ни требаа три недели да го исчистиме. Сите работевме, бевме среќни и оптимисти. Прв пат слушнав за смарагд рудник на Твитер пред околу 10 години“, изјавила Маје Маск.