Вчеравечер во скопскиот хотел „Александар Палас“ утринската програма на МРТВ „Добро утро Македонијо“ славеше јубилеј 25 години од првата емисија.

На едно место се собраа уредници, новинари, водители, сниматели, сегашните и оние кои некогаш биле дел од тимот на МРТВ.

Розета Арсовска, Анета Андонова, Татјана Стојановска, која пред 25 години се појави во утринската емисија, беа на прославата.

Повеќето познати новинари па и водителки своите почетоци на кариерата ги имаа токму во Македонската радио-телевизија.