Празничните софри на познатите сосе бадниковата паричка

Бадниковата вечера е една од најубавите традиции во годината. А оваа година многу од македонските познати личности се пофалија како замесиле лепче или зелник, покажаа како ја подготвиле трпезата за вечерата и голем број се пофалија дека токму ним им се паднала паричката.

Оваа година паричката за среќа ја добија пејачите Пејовска Лина, Огнен Здравковски, Дарио Панковски, Даниел Кајмакоски Сара Мејс. Годинава среќа со паричката имаше поранешната Мис на Македонија, Емилија Розман, а водителката Јелена Спенџарска се пожали дека годинава среќната паричка паднала кај нејзината сестра. Нејзината колешка Снеже Велков напиша дека паричката се паднала во питата.

Scroll to Top