Премиера на „За нас почнува живот“ со Билјана Пројковска и Нино Леви во Драмски

Премиерни изведби на претставата „За нас почнува живот“ вечерва и утре на малата сцена во Драмски театар. Претставата е на Ѓерѓ Шпиро во режија ан Дејан Пројковски, а улогите ги толкуваат Биљана Пројковска и Нино Леви.

„Маж и жена се борат и лутаат низ животните патишта и никако не успеваат да ја искачат својата животна планина, да ги победат своите проблеми и таму горе на врвот да уживаат во најубавото изгрејсонце со поглед на море . И токму кога мислат дека угоре е високо, а удолу длабоко добиваат милиони на лото. И како сега понатаму… Претставата е со многу трагикомични ситуации и дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото. Во што се претвори денес современиот човек, во што верува, на што се надева, има ли љубов во себе. Претставата се занимава со големите прашања за смислата на животот на малиот човек“, вели Дејан Пројковски.

“За нас почнува живот” е претстава за човекот, за оној мал човек што го сретнуваме на улица секој ден, кој работи со нас или ни е роднина, за оној мал човек што го гледаме секое утро во огледалото.

Оригиналниот наслов на драмскиот текст е „Прав“. Костимограф на претставата е Марија Пупучевска, автор на музиката – Горан Трајкоски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, преводот е на Маја Бражанска, а изработката на плакат и видеото се на Стојан Стојановски.

 

Scroll to Top