Принцот Вилијам отишол на свадбата на неговата бивша девојка Роуз Фаркаур, но без Кејт Мидлтон, пренесоа британските медиуми. Роуз му е првата девојка на принцот од Велс, а свадбата ја направи во Глостершир, открива анонимен извор за People.
На венчавката присуствувале долгогодишни пријатели на Вилијам, меѓу кои и неговата поранешна девојка Оливија Хант, како и пријателите од универзитетот. Биле и Том Инскип, Џејми Мареј Велс, Гај Пели, Марк Томлинсон, Хари Мид, Наташа Руфус Ајзакс и сопругот Руперт Финч, кој е бивши дечко на Кејт Мидлтон.
Кати Никол, пријателка од детството на Вилијам, која присуствуваше на неговата венчавка со Кејт во 2011 година врската на Вилијам со Фаркухар ја опиша во нејзината книга „Создавање кралска романса“.
За потсетување, Вилијам повторно ќе се појави по премиерата на документарната серија Хари и Меган овој месец на „Нетфликс“. Војводата и војвотката од Сасекс детално ги прикажуваат нивните животи пред да се запознаат и нивната љубовна приказна.