Вчеравечер во ресторанот „Воденица“ се одржа промоција на најновиот проект на македонскиот бенд „Дримтим“, насловен „Етно Балкан“. Според членовите на бендот, ова е нешто ново, поразлично од она што го работеле претходно, нова страница во нивната кариера. Момците од бендот новиот проект го почнуваат со ново видео во продукција на ИН ТВ, а снимено е на неколку локации во Македонија.
Песната е комбинација од македонски фолклор со латино-ориентален ритам.