Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на Мајорка го отвори првиот хотел од ланецот „ЗЕЛ“. Партнер во бизнисот му е Габриел Ескарер, извршниот директор на „Мелија хотелс“.
„Крајбрежната оаза сместена близу плажата со бел песок Палма Нова е дизајнирана да ги прифати концептите на фиеста и сиеста, кои се од суштинско значење за медитеранскиот начин на живот“, стои на интернет страницата на хотелот.
Хотелот наменет е за околу 300 гости, а меѓу содржините кои ги нуди се базени, спа, сауна и клуб ресторан на плажа.
„Моите летувања секогаш беа поврзани со Мајорка и Медитеран. Со нашиот прв хотел сакаме да понудиме моменти во кои јас лично многу уживам, како едрење, јадење на плажа и уживање со семејството и пријатели. Сакаме да имате чувство како да сте дома“, кажа Надал.