Ријана на Супербол настапи во црвена комбинација од комбинезон и сако. Вредноста на нејзината облека за настапот, со модни додатоци, изнесува 1,2 милиони долари.
Пејачката го привлече вниманието и со своето модно издание, каде на стадионот „Стејт Фарм“ се појави во црвен аутфит со кој го нагласи трудничкиот стомак. Така откри дека чека второ дете со раперот АСАП Роки.
Ријана носеше црвена јакна од модниот бренд Алаиа и комбинезон Loewe со нагласена корсет околу градите. Таа оваа модна комбинација ја надополни со патики Maison Margiela x Salomon Cross, но и парчиња накит.
На нејзината рака имаше часовник Jacob & Co кој чини 72.000 долари со ремен украсен со 360 парчиња скапоцени камења. Најскапото парче што го носеше пејачката беше прстенот Bayco со рубин од 19,47 карати и тркалезно исечени дијаманти поставени во платина и жолто злато од 18 карати. Претставник на брендот откри за Page Six Style дека вреди неверојатни милион долари.
Носела и обетки вредни 12.000 долари и три винтиџ дијамантски брошеви вредни 135.000 долари.