ВИДЕО: Ристе Ристески потврди дека победата на Алекса Перовиќ е наместена?!

Во големото грандиозно финале на 11-тата сезона по ред на „Ѕвездите на Гранд“ победија Ристе Ристески (од публиката, со повеќе од 76.000 смс гласови) и Алекса Перовиќ (од жирито), но на социјалните мрежи не стивнуваат коментарите.

dobivaj vesti na viber

Имено, за разлика од Ристе Ристески и Армин Дедиќ, Алекса Перовиќ не беше премногу голем фаворит во текот на целото шоу, но во финалето се случи пресврт и наеднаш целото жири гласаше со максимални 12 поени за Алекса, што во јавноста предизвика сомнение за наводна наместена победа.

Што мисли Ристе на оваа тема, погледнете од следното видео:

Секако, станува збор за шега меѓу победниците. Алекса е во улога на водител и му поставува прашања на својот колега, а Ристе без премногу размислување му вели дека му ја наместиле победата.

Scroll to Top