Сара Џесика Паркер во сатенски чевли во различни бои на гала настан во Њујорк

Сара Џесика Паркер и нејзиниот долгогодишен сопруг Метју Бродерик беа меѓу многуте гости кои уживаа на есенската гала во Њујорк Сити Балет во 2023 година. Сара е еден од претседавачите на тој гала настан, кој се одржува во театарот Дејвид Х. Кох во Линколн центарот во Њујорк.

Гала настанот бара и свечени тоалети, а Сара и Метју беа модерно координирани во црни комбинации. Метју носеше класичен смокинг костум со бела кошула и црна машна, додека Сара беше облечена во црн фустан за балерина кој потсетуваше на неколку модели кои ги носеше во „Сексот и градот“.

Фустанот има откриени раменици и ракави со должина од три четвртини со шлиц на средината на горниот дел. Долниот дел од фустанот е збогатен со големо количество тул, а свечениот стајлинг актерката го подигна со долга сатенска лента во косата која достигнува речиси до подот и сребрено светкава чанта.

Посебно интересни беа нејзините чевли, сатенски сандали во различни бои од нејзиниот бренд SJP by Sarah Jessica Parker. Станува збор за специјален модел на Dish со тоа што едниот чифт чевли доаѓаат во различни бои, па Сара носеше пар каде едната е црна, а другата светло виолетова.

Сандалите се со тенка висока потпетица и тркалезна метална тока украсена со блескави штрасови.

 

Scroll to Top