Саудискиот принц Мохамед бин Салман, кого го следат голем број контроверзи, наводно бил во тајна врска со актерката Линдзи Лохан. Принцот на чело на Судиска Арабија е најбараниот на светот. Поради нафтата сите големи сили сакаат да соработуваат со него.
Толку е посакуван за водење бизнис, што многумина ги пренебрегнуваат наводите дека го отрул кралот, оној кој подоцна го наследил неговиот татко. Иако овие тврдења никогаш не се докажани. Му се припишува и смртта на новинарот Кашоги од „Вашингтон пост“, но сите работи се кријат.
Салман е богаташ и е страстен навивач на фудбалот. Поради тоа беше најсреќниот човек во Катар кога Саудиска Арабија ја победи Аргентина. Принцот со години го следи уште еден скандал. Опседнат е со американската актерка Линдзи Лохан. Се зборува дека со години бил во врска со неа.
Татко ѝ за американските медиуми рече дека нивната врска била платонска. Сепак со години новинарите доаѓаа до информации за тоа дека принцот со приватен авион доаѓа по Лохан и ѝ подарува скапоцени подароци, како кредитни картичка замотна во украсна хартија.
Татко ѝ со гордост зборува за врската на ќерка му со саудискиот престолонаследник, убедувајќи ги Американците дека двајцата се само пријатели и дека Лохан има голем број пријатели во Саудиска Арабија.
Наведе и дека на новинарите им е важна само сензацијата, додека ќерка му вложува големи напори да им помогне на бегалците во Сирија. Прашан дали го плаши тоа што ќерка му се дружи со човек осомничен за убиство, рече дека ништо од тоа не е докажано.
„Ќерка ми ми рече дека тој е добра личност и дека со него се чувствува сигурно“, рече татко ѝ на Лохан. Се зборуваше и дека актерката поради принцот ја променила верата и преминала во ислам, откако папараците ја снимија со марама на главата. Лохан ги негираше тие наводи и објасни дека принцот ѝ дал само кредитна картичка, пренесе „Курир стил“.