Се ожени Бомбакис, смени два костуми, а со оро среде булевар и факели тргна по невестата

Бомбакис и неговата девојка Вики направија свадба. Тој денес преку неговиот Инстаграм профил ја најави свадбата со натпис на картон „Ете мајко решив да се женам“.

Бомбакис со музика дома и македонска песна ја започна свадбената журка, која продолжи додека со другарите одеше по невестата. Со факели во боја, направија шоу среде булеварот Јане Сандански во Аеродром, со паркирани автомобили на едната лента, оро и развиорено македонско знаме.

Откако Бомбакис си ја зема невестата, парот замина во црква на церемонија, а потоа на свадбената веселба во скопски ресторан на отворено.

Невеста за свадбата одбрала едноставен крој на бел фустан со куси ракави, додека Бомбакис променил две одела. Уникатно палто со цветни дезени и црна основа и костум со цветни пастелни дезени со бела основа за свадбената веселба.

Инаку Кристијан Станковски, Бомбакис на одмор на плажа во Грција лани ја побара за жена својата девојка. Тој ја изненади со транспарент на кој напиша „Ајде сега кажи си да“.

 

 

 

Scroll to Top