Пејачката Шакира и возачот на Формула 1, Луис Хамилтот се зближиле, тврдат блиски извори за пејачката. Шпекулациите дека наводно пејачката е во врска со Луси Хамилтон се појавија откако Шакира беше фотографирана на неговата јахта.
По раскинувањето со Жерар Пике, пејачката Шакира стана плен за неколку познати маж. За неа наводно е заинтересиран и холивудскиот актер Том Круз, но изгледа дека Шакира не уживала во неговото присуство.
Имено, 38-годишниот Луис Хамилтон и Шакира во последно време се многу блиски, а тоа го потврдил и извор близок до нив.
„Тие сакаат да поминуваат време заедно и моментално се во таа фаза на запознавање, тоа е интересно“, вели изворот.
Гласините за тоа како тие ќе бидат совршен пар започнаа уште во мај кога пејачката беше видена со него на јахта.
Папараци ја фотографираа Шакира како се качува на јахта пред нејзината куќа во Мајами, на која им се придружиле познатиот Формула 1 возач и неколку пријатели, само неколку часа откако заедно ручале во ресторанот. Но, наводната девојка на Луис, 24-годишната Џулијан Нала, ја немало во нивна близина.
Пејачката неодамна беше на Формула 1 трката во Барселона, каде што се натпреваруваше и Луис, а гласините за нив станаа се погласни после тоа.
Shakira and Lewis Hamilton continue to fuel romance rumors in Miami https://t.co/PgZzgBPCn0 via @DailyMailCeleb
— 🌴Sn❄wflake🎄 (@LaLaKristiansen) June 10, 2023