Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О’нил повторно го повтори својот став кој го има за формата на Земјата. Во поткастот „Кајли и Џеки шоу“, Онил рече дека таа е рамна и дека има докази за тоа.
„Дека е тркалезна Земјата е само теорија и ништо повеќе од тоа. Нас нè учат на тоа. Денес летав 20 часа со авион од САД до Австралија и не се превртев. Ниту, пак, летав наопаку. Велат дека Земјата се движи. Живеев на езеро 30 години и никогаш не го видов езерото да се помести од лево кон десно или обратно“, рече Шек.
Шекил не е единствениот кошаркар од НБА кој верува дека Земјата е рамна плоча, а еден од најлгсаните во оваа теорија е Кајри Ирвинг, играчот на Бруклин, кој повеќе пати има зборувано за своите убедувања.