Кога легендарниот моден дизајнер Џани Версаче во 1992 година на Мајами Бич ја купил луксузната вила во медитерански стил, прочуениот Ocean Drive бил преполн со мали хотели, агенција за манекенки и старски домови. Сѐ до трагичната смрт во 1997 година, кога бил убиен на прагот на својот величествен дом, славниот Версаче во неговата реставрација вложил 33 милиони долари.
Дваесет години од неговата смрт „Каса Касуарина“ станала бутик-хотел и омилена дестинација на многу познати ѕвезди, но и обични граѓани што сакаат да го видат и она што е внатре, во луксузното здание.
Сега може да се резервира место во „Каса Касуарина“ и преку страниците на booking.com, а ноќевањето, во зависност од временскиот период, чини околу 945 евра, но за оние со подлабок џеб тоа и не е премногу, особено што гостите, освен уживањето во базенот, кој е обложен со злато и кој е дизајниран од самиот Версаче, може да се опуштат и со масажи, во ароматската сауна и во другите услуги што ги нуди спа-центарот.
Луксузната вила станала уште попосакуван објект кога во документарната серија „Рајана Мурфија“, американска крими-приказна, е прикажано убиството на самиот Версаче, па откриени се и некои интересни детали за самата „Каса Касуарина“.
ТАЈНИТЕ ПРЕМИНИ
Вилата има неколку тајни премини што ги користеле самиот Версаче и неговите гости. Најпознатиот ги поврзува гардероберот со библиотеката. Денеска повеќето од нив се затворени, а библиотеката станала G-Lounge, односно простор за уживање и одморање.
ПОЗНАТИ ГОСТИ ШТО ПРЕНОЌИЛЕ ВО ВИЛАТА
Мадона, Елтон Џон и принцезата Дајана се само некои од славните гости што во својата вила ги угостил Версаче. Освен нив, Версаче на драго срце ги угостил и своите колеги, особено дизајнерката Дајана фон Фурстенберг и дизајнерот Халстон.
СЛАВНИ КЛИЕНТИ
Денеска вилата е претворена во луксузен бутик-хотел, а славните лица со голем мерак престојуваат во неа кога ќе пристигнат на Мајами. Ким и Кортни Кардашјан, Џастин Бибер и Силвестер Сталоне се само некои од обожавателите на ова место.
ЖУРКИ ШТО ТРААТ СО ДЕНОВИ
Еден од клиентите од ВИП-листата, кој управничката на хотелот не сака да го именува поради нивниот стар кодекс за приватност, ја има изнајмено вилата на подолг период, а многупати се случило по ноќните забави во клубовите, тој да се врати во вилата и да продолжи со забава.
ТУРИСТИТЕ НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА ДОАЃААТ
Пред вратата на вилата стотина туристи секојдневно оставаат цвеќиња и на тој начин му оддаваат почест на дизајнерот, а потоа се фотографираат на скалите на кои тој починал. Неговата вила е трета по ред најфотографирани куќи во Америка по куќата на Елвис Присли и Белата куќа.
ЛОВЦИ НА ДУХОВИ
И додека повеќето туристи се фотографираат пред вилата, неколкумина од нив се обидуваат да влезат за да ги бараат духовите.
„Имавме неколку луѓе што со години доаѓаа за да се спојат со неговата душа“, велат службените лица од вилата.
ХОТЕЛСКИ УМЕТНИК
За снимањето на серијата „Убиството на Џани Версаче“ направени се копии од постелнините и перницата за оригиналните да не бидат уништени, а уметничките дела на ѕидовите со години ги одржувал анонимен уметник, кој внимателно ги реставрира.
ПОВРЗАНОСТА СО ХРИСТОФОР КОЛУМБО
Оваа вила од самиот почеток е направена по примерот на една слична во Доминиканската Република во сопственост на најстариот син на Христофор Колумбо, Диего.
Повеќе фотографии може да видите на следниот линк: