Славам една година без перика која ми ја мачеше душата, а почна да ми расте и коса: Цеце Николова конечно своја

Новинарката Цеце Николова која од дете се бори со алопеција лани првпат  ја тргна периката и конечно реши без неа да излезе од дома и да се појави во јавноста. Оттогаш до денес  Цеце, сега веќе слободна и без никаков комплекс, секаде оди без периката, која со години беше неизоставен дел од нејзиниот живот, но и нејзина најголема борба.

„Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ја ставив.
Ова е првата година во мојот живот во која сум вистинска. Оригинална. Своја. Најсвоја. Слободна.
После сѐ што ми се случи периодов, можам да кажам дека периката и алопецијата непотребно ми ја мачеле душава цел живот. Видов многу пострашни работи.Пред животот да ви помине во измачување, гушење, криење и лаги – погледнете се во огледало, ѕирнете си во душата, изговорете гласно сѐ од што се плашите и учете од сопствените стравови.П.С. После една година „слободна“, ми расте коса, иако скроз не мора“, вели Цеце Николова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)


Таа лани летото беше во студиото на Репортер и со многу емоции ни ги откри сите тешки мигови низ кој поминала, од детство во згрижувачкото семесјтво, преку мигот кога дознала за болеста , па низ сите години за конечно да се прифати себе си. Денес е среќна и своја и со алопецијата, а формираше и свое здружение „За тебе“ за помош на сите оние од ранливите категории.

А.Георгиев

Scroll to Top