Групата „Лајбах“ ќе одржат концерт во Киев. Ова е прв странски бенд кој ќе одржи концерт во Киев од почетокот на руската инвазија. Групата ќе настапи во музичката сала „Бел етаж“ на 31 март, а концертот ќе биде насловен „Евровизија“, бидејќи Украина нема да може да го организира овој музички настан, иако победи минатата година.
„Додека остатокот од Европа се подготвува да ги слави слободата и солидарноста на 9 мај во Ливерпул, ‘Лајбах‘ ја враќа Евровизија во Украина, каде што и припаѓа“, соопшти групата.
Собраните средства од концертот на словенечката група ќе бидат донирани на хуманитарни организации.
„Лајбах“ одржа два концерта во Сараево во 1995 додека градот сè уште беше под опсада за време на војната во БиХ, а во 2017 стана прва западна група која настапила во Северна Кореја.