Фолк-пејачката и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Снежана Ѓуришиќ, на 26 јули тајно се венчала со своето момче, гинекологот Вања Милошевиќ, пишуваат српските медиуми. Според нив, тие се венчале во матично, а потоа биле на ручек со најблиските. На свадбата присуствувала и Марија, ќерката на Снежана, која неколку дена претходно допатувала од Америка.
Веста за венчавката ја потврдил Вања за „Информер“.
„Се познаваме повеќе од 20 години и бевме добри пријатели, а потоа тоа прерасна во љубов. По речиси три години врска, решивме да се венчаме. Снежана сега го носи моето презиме и горд сум на тоа“, рекол Вања.
За потсетување, Снежана и Вања се во врска речиси три години. До 2013 година Ѓуришиќ беше во брак со Слободан Гвоздановиќ, кој тогаш почина. Од тој брак таа има две деца, ќерка и син.