Со тапани и езгии, злато за невестата и мијачки песни се ожени Павле Камилоски

Музичарот Павле Камилоски се ожени со планинарката Ирина Дишовска со која предходно беа во љубовна врска. Свадбената веселба  почна во домот на семејството Камилоски, со традиционални македонски песни.

Карактеристично за Павле и неговото семејство, оти тие се Галични,  свадбата да биде во духот на традицијата, сосе тапани, одење по невестата, песни од реканскиот крај.

Родителите на младоженецот ја даруваа невестата со злато, а потоа следеше венчавката во Соборениот храм „Св. Климент Охридски“.

Сепак свадбената прослава беше во еден познат скопски ресторан со модерни песни, евергрини, македонска музика…

Невестата  за забавата носеше модерна венчаница со шлиц, додека пак во црква беше облечена во класична венчаница. Павле избра елегантен костум.

На свадбата покрај блиските на младенците имало и гости од јавниот живот.

Двојката чека  принова, а веста дека чекаат бебе неодамна ја споделија на социјалните мрежи.

Александра Георгиев 

Scroll to Top