Сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ, Ана, зборуваше за секс скандалот кој се случи за време на Светското во Катар. За Ана се зборуваше дека имала афера со Душан Влаховиќ, па многумина шпекулираа дека тоа е причината за слабата игра на напаѓачот на Јувентус и на репрезентацијата.
Ана објасни дека аферата ѝ ја наместила жена за која претходно мислела дека ѝ е многу блиска и дека нема намера да ѝ прости. Рече дека сакала да ѝ го растури бракот.
„Се разочарав од жената која ја сметав за блиска, но таа ме научи дека покрај такви пријателки, не ми требаат непријатели. Инстант пријателствата се многу лоши животни искуства и сигурно нема да ги повторам. Ако ништо друго ја научив добро лекцијата“, рече Ана.
View this post on Instagram
Додаде и дека по скандалот побарала од неа да премолчи и да ѝ прости. Ана рече дека нема намера да го стори тоа, затоа што сакала секоја лага да излезе на виделина.
Појасни дека аферата и била измислена затоа што сакале да ѝ се одмаздат затоа што отпуштила една вработена во нејзиниот бизнис.
View this post on Instagram
„На „Твитер“ се пишуваа разни лаги од голем број ажни профили. На крај открив кој стои зад нив. Се создаде афера што никогаш не се случи. јас пријавив во полиција и уште одма открив кој стои зад целата оваа работа. Сега полицијата нека се занимава со тоа“, рече Ана и им порача на сите кои сакаат да и направат проблеми и да и го нарушат бракот дека тоа нема никогаш да се случи.
„Карма е кога другите сакаат да ги срушат твоите ѕидови, па потоа истите тие ќе паднат врз нив“, рече Ана.
View this post on Instagram