Српската премиерка чека бебе

By

Српската премиерка Ана Брнабиќ (43) и нејзината помлада партнерка д-р Милица Ѓурѓиќ, ќе станат родители.

Според магазинот „Глорија“, Милица Ѓурѓиќ била подложена на вештачко оплодување.

Магазинот наведува дека Ѓуриќ поради бременоста неколку месеци не се појавува јавно со својата партнерка Ана Брнабиќ, а во Клиничкиот центар на Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанца, каде што е вработена, велат дека таа зела трудничко боледување.

„Премиерката на Србија сè уште не сака јавно да зборува за приватниот живот. Во секој случај, ви благодарам за убавите желби“, изјавил анонимен извор од Кабинетот на премиерката за магазинот „Глорија“ од каде што се јавиле да им честитаат на премиерката и на нејзината партнерка.

Исто така, од Кабинетот не сакале да откријат кој пол ќе биде бебето.

Ќе ви се допадне