Српските пејачи му дојдоа на Јоце Панов

Пејачот Јоце Панов во вторникот направи гала-промоција на новиот албум „Ни ‘љ’ од љубов“ во Белград.

Пејачот, покрај пријателите, соработниците и фановите, добил поддршка и од колегите од естрадата. Меѓу нив се најдоа и пејачката Тамара Милутиновиќ, Џенан Лончаревиќ, Кики Лесендриќ, членовите од групата „Лексинтон бенд“ и многу други.

„Јоце е супер дечко, одличен пејач и феноменален колега. Којзнае, можеби ќе направиме и некој дует“, изјавила Тамара Милутиновиќ.

Пофалби стигнаа и од Џенан Лончаревиќ.

„Јоце направи одличен албум. Сите песни се одлични, квалитетен звук, аранжман, сѐ е супер“, изјави тој. И Панов е воодушевен како минала целата работа.

„Пресреќен сум. Секој труд се исплати. Публиката во Србија е прекрасна и уживам да правам добра атмосфера со луѓето. Во Македонија најмногу се вртат песните „Таа првата што се памети“, „Гајле ми е“, „Ни ‘љ’ од љубов“, „Ало, бре“. Сите се одлични. Им благодарам на колегите за поддршката, но и на публиката што препознава квалитет“, изјавил Панов.

 

Scroll to Top