Стилски фризури и креации на Папаз на ревија во Солун

By

Изминатиот викенд во Солун се одржуваше Балканскиот фестивал на фризури, на кој учествуваа и неколку фризерски студија од Македонија. Во организација на „ТЕСА консалт“ пред публиката се претставија најпрестижните фризери со своите креации и висока фантазија во фризурата.

На шоу-перформансот со фризури се претставија и македонските фризери Ајтен Алиевска, Среќко Ѓоргиевски, Соња Дексн, Лаки Андонов, Снежана Николовска, Тодор Тодоровски и Сафија Селими. Сите модели беа облечени во креации на „Папаз“. Учесниците добија пехари и медали за успешната презентација.

(А.Ј)

Ќе ви се допадне