И ова лето стружани по традиција се капат во Црн Дрим со скокањето од мостот. И денес за стружани важи правилото дека прво во реката се учи да се плива, а не во езерото.
Овој мост е познат поради тоа што секоја година, на крајот од август на него се изведува завршната манифестација на еден од најпознатите севетски фестивали „Струшките вечери на позеијата“.
Црн Дрим важи за брза река и поради тоа претставува опасност за туристите од другите градови кои незнаат да пливаат, но за стружани кои секоја година летната сезона ја отвораат со капење во Црн Дрим е традиција.