„Суперхикс“ има нова песна, „Модерна љубов“, за која сними и спот во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски. Со оваа песна тие го најавија јубилејот – 25 години од првата свирка во некогашниот „Дорс“ во Дебар Маало што се одржа на 3 март 1994 година.
По повод јубилејот, на 3 март 2019 година бендот ќе одржи концерт во МКЦ. Публиката повторно ќе може да ги слушне во живо „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многу други кои ја обележаа кариерата на популарниот бенд.