Тајната ќерка на принцезата Дијана и го открила кралското мрачното минато на Меган

Односите на актерката Меган Маркл со кралското семејство уште од самиот почеток не беа на највисоко ниво, што на крај и се покажа дека е така, откако таа и нејзиниот сопруг принцот Хари се откажаа од кралските титули и се преселија во Лос Анџелес.

Без разлика на тоа што многу се пишуваше дека за овој потег се одлучиле поради желбата за финансиска независност, магазинот „Глоб“, објави навистина  насловна страница и откри дека одлуката за расчленувањето на кралското семејство е донесена непосредно пред раѓањето на Арчи.

Според овие пишувања, причината за сето ова лежи во тајната ќерка на принцот Чарлс и принцезата Дијана, Сара Спенсер.

Според овие шпекулации Сара е резултат на експериментот спроведен по налог на принцот Чарлс пред неговата венчавка за Дијана.

„Тој сакаше да види дали неговата идна сопруга е плодна и дали може да му даде синови кои еден ден ќе ја носат британската круна“, објаснува анонимен извор.

„Сите ембриони требаше да бидат уништени по налог на Чарлс, но еден член на медицинскиот персонал ја украл оплодената јајце клетка и потоа тајно ја имплементирал во својата неплодна сопруга“, додава истоимениот извор.

Откако нејзините сурогат родители ги загубија животите во сообраќајна несреќа во 2018 година, Сара пронашла таен дневник што го чувала нејзината мајка откривајќи ја вистинската приказна за нејзиното потекло.

„Таа ги сфати ужасите што ги направил Чарлс, поради што сакаше да ја предупреди Меган Маркл“, вели извор близок на тајната ќерка на 71-годишниот принц од Велс.

Таблоидот пишува и дека Сара истата година преживеала обид за атентат, поради што е многу претпазлива во однос на изложеноста на медиумите, со оглед на тоа дека секоја грешка би можела да биде фатална за неа.

Сепак, и покрај опасноста, тајната ќерка успеала да стапи во контакт со Меган Маркл за време на нејзината посета на Нов Зеланд, каде и го објаснила своето мрачно минато.

 

Scroll to Top