Фестивалот „Таксират“ има две номинации, за Best Indoor Festival и Best Small Festival на престижните европски фестивалски награди. Во трката за најзначајната фестивалска титула влегува и Д Фестивал – Дојран номиниран за Best Medium-Sized Festival.
Гласањето трае до 30 ноември, а сите кои ќе гласаат учествуваат и во извлекувањето на ЕФА за ВИП-билети за најдобрите фестивали во Европа.