Таско и сопругата во стајлинг со иста боја го земаа синот од болница: Лукијан е дома

Музичарот Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа неодамна првпат станаа родители и го добија синот Лукијан. Музичарот на социјалните мрежи објави фотографии од Лукијан и Наташа како изглегуваат од болница.

Парот на фотографиите е облечен во стајлинг со иста боја.

„Лукијан е дома. Огромна благодарност до медицинскиот тим и Др. Симонида Котларова Попоска која покрај сите предизвици ни ги разубави животите, воедно огромно благодарам и до целокупниот медицински персонал кој будно го следеше Лукијан и Наташа, и им ја пружија сета нега. Се најубаво, ви благодарам уште еднаш на искрените честитки, и се дружиме за брзо“, напиша Таско.

За потсетување, Таско и Наташа се венчаа во април и направија свадбена веселба на која славеа со тапани, трубачи, и со многу јавни личности, а потоа направија и забава на која го открија полот на бебето.

 

Scroll to Top