Татјана Лазаревска: Работам во детска градинка, а комшиски дружби терам со Тошо Малерот и Маријана на Росана

„Кога во 1998 година по 30 часа летање со авион се симнав на аеродромот во Мелбурн, Австралија, каде што бев дојдена на турнеја, ги допрев луѓето за да се уверам дека се вистински. Ми дојдоа многу часови летање, па ја изгубив реалноста. Но, кога ќе ги видиш сите убавини што ти ги нуди Австралија, од самиот воздух до сè друго, забораваш на долгиот лет. Тогаш не мислев дека Австралија ќе биде мој дом“, вака фолк-пејачката Татјана Лазаревска ја почнува приказната за Австралија каде што  пред речиси пет години се пресели да живее со семејството.

„На Водици, 20 јануари 2015, јас, сопругот Новица и двата сина дојдовме тука. Имавме храброст за тоа. Иако во Македонија имавме пристоен живот, ни фалеа уште некои работи за да имаме навистина квалитетен живот“, раскажува фолк-пејачката која овие три недели е во Македонија. И овој пат дојде сама. Новица сè уште не бил во Македонија, но Татјана вели дека и тоа наскоро ќе биде, ќе дојдат заедно…

За животот во Австралија каде што  работи како воспитувач во градинка, а Новица вози училиштен автобус, за комшиските дружби со Тошо Малерот и Маријана (сестрата на Росана), за тоа каков е животот таму и какви се платите, Татјана има само пофални зборови. Но и за почетоците во музиката од „Аце, Аце“ и „А бре чичо“, до тоа кого и колку во Австралија го интересира политиката, дали е смешно пеењето на „Бостан фест“, за родителите, децата, новите предизвици во музиката… Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top