Теа Таировиќ во прегратка на српски фудбалер, додека во рацете држи пари

Фотографии на кои една од најпопуларните српски пејачки, Теа Таировиќ е во прегратка на српски спортист се појави во јавноста. Атрактивната пејачка е во прегратките на Урош Рачиќ, играч на Валенсија.

Вниманието во јавноста го привлекла положбата на неговите раце околу нејзината половина, и сочениот бакнеж во образот.

„Нема ништо меѓу нас. Му пеам на неговото семејство, но и на него. Сето тоа е дел од мојата работа, ништо ново“, изјавила Теа за Телеграф.

Фотографиите се направени на приватна прослава на која Теа пеела, а меѓу гостите бил и Урош. Толку бил маѓепсан од пејачката што ја опсипал со евра и нарачувал песни цела вечер, пренесуваат српските медиуми.

Инаку српскиот спортист неодамна ја раскина врската со пејачката Ема Радујко.

Да потсетиме, неодамна се шпекулираше дека Теа е во емотивна врска со бизнисмен кој се занимава со криптовалути.

Scroll to Top