Двјаца скопјани кои имаат тезга на Битпазар дел од својата роба која ја изложуваа и продаваат, ја донирале за деца кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција.
На социјалните мрежи се споделува фотографија токму од нив и нивната тезга на која има изложено капи, шалови и ракавици. На фејсбук групата „Стари скопјани“ споделена е приказната која стои зад оваа фотографија.
„Денеска со сопругата ја затворивме канцеларија, и се упативме кон Скопката чаршија да купиме чизими, ќебиња. Застанавме токму на оваа тезга, ги прашав овие двајца сограѓани дали имаат капи, шалови и ракавици комплет за деца. Ме прашаа за колку годишни и дека имаат бои само за девојчиња. Јас им одговорив, фала му на бога моите деца имаат се, ова ми е за донација во Турција. Овие двајца херои тогаш земаа по една ќеса ги наполнија до горе, не гледаа колку ставаат, за разлика од газди на бутици кои што седат на топло, овие двајца херои цел ден се надвор на ветер на студ за парче леб и имаат срце планина. Пунктот за донации е спроти „Слога“ чајџилница кај џамијата“, стои на постот споделен со фотографијата.