Тијана по мерак на нишлиите

Поп-пејачакта Тијана Дапчевиќ летово го минува работно. Таа викендов настапи во Ниш каде што пееше на тамошниот „Медијана фест“. Тијана направи вистински штимунг пред многубројната публика, а особено забавата кулминирала кога пред присутните ја отпеала и антологиската македонска песна „Јовано, Јованке“ .

„Пред точно осум години пеев на истата оваа бина во Ниш, на ‘Медијана фест’ и бевте спектакуларни. Но, синоќа бевте уште поспектакуларни! Заедно пеевме  и игравме и направивме одлична журка! Ви благодарам драги нишлии!,“ напиша Тијана на својот фејсбук-профил.

Scroll to Top