Томас Маркл се кае за незгодите што и ги приреди на Меган

Таткото на Меган Маркл, Томас, во последниот разговор со новинарите откри зошто не го послушал советот на принцот Хари.

Томас призна во разговор за „Дејли Мејл“ како драматично ја спуштил слушалката во телефонскиот разговор со сопругот на неговата ќерка, откако го обвинил и критизирал за наместените фотографии на папараците.

Изјавил дека бил вознемирен поради тиранијата на Хари и дека се опоравувал од срцевиот удар по излегувањето од болница. Иако сега тврди дека Хари во тој момент апсолутно бил во право, сепак Томас смета дека принцот го побарал во погрешен момент.

Во досегашното најголемо интервју, Томас Маркл меѓу останатото признал и дека го лажел принцот Хари кога му рекол дека не соработувал со папараците.

Исто така му рекол дека тоа е негово последно интервју и открил уште неколку досега непознати факти. Така наводно Меган му рекла дека на венчавката нема да има време за неговиот говор. Ваквиот потег на Меган, го повредило Томас. Тој тврди дека наводите за зближувањата со кралската двојка се невистинити затоа што не биле во контакт со месеци. На Томас не му е грижа за кралското семејство. Тој за новинарите признал дека само сака да му се врати стариот живот назад.

Иако никогаш не се сретнале, Томас тврди дека тој и Хари воделе топли и пријателски телефонски разговори, откако Меган му открила дека е во врска со припадник на британското кралско семејство. Меѓу останатото, разговарале и за спорните теми за папараците и се согласиле дека треба да ги избегнува по секоја цена, откако јавноста ја дознала веста за нивната љубовна врска.

„Хари ми рече да не разговарам со новинарите. Дека сите на крајот ќе бидат повредени и дека ќе се каам поради тоа. Беше во право“, призна Томас.

Но наместо да го послуша, Томас тајно ги продал фотографиите чија вредност е проценета на 100.000 британски фунти, нешто што денес не може да си го прости.

Томас Маркл се најде на насловните страни на светските медиуми, откако го откажа пристигнувањето на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, а како оправдување измисли дека доживеал срцев удар. Неговата одлука била објавена само ден откако е откриено дека соработувал за продажбата на фотографиите на папараците.

Британското кралско семејство засега се нема огласено по последното интервју на Томас Маркл.

 

Scroll to Top