Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска се само дел од македонските фолк-пејачи кои утревечер во Прилеп ќе настапат на седмото издание на фолк-фестивалот „Прилеп – фест“. На фестивалот ќе учествуваат бројни музички фолк-ѕвезди од нашата земја, но ќе има и гости од соседните земји.
Организаторите велат дека публиката ќе има прилика да ужива во една преубава музичка вечер која ќе се памети долго.
„Се е подготвено за утревечер. Се бараат влезници повеќе, но капацитетите се тие кои се. Дел од учесниците веќе пристигнаа во градот,
На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а учеството го потврдија Наум Петрески, Зуица Лазова, Елена Велевска, Адријана Ацевска, Живе Мешуревски и Анастасиа Митровска, Лили Семкова (Бг), Владимир Поповски, Дрим Тим, Благоја Груевски, Алтернатор, Круна, Петар Нечовски, Дани Тик-Так, Даце Николовски, Фортуна, Барбика, Јордан Митев, Ирена Спасовска, Спасе Антевски и Марија Донева.