Успеав на „Беркли“

Додека ја чека одлуката од „Беркли“ за целосна стипендија, поп-пејачката Ања Ветерова ги користи последните топли денови за да ужива на плажите во Грција.

Летото го помина работно, во Бостон, каде што 5 недели го школуваше својот глас на најпрестижниот музички колеџ во Америка, „Беркли“.

„Добив делумна стипендија за летниот камп на „Беркли“ и бев вклучена во три ансамбли, што е вистинска реткост. Работев на подобрување на вокалот, работев на пеење во група и зедов приватни часови по пеење. На крајот на летниот камп имав три концерти и настапив со „Тауер оф пауер“, најдобриот ансамбл на „Беркли“, со кој настапи и Роко Престија, живата легенда на овој бенд. Летниот камп го посетиле илјада учесници од 83 земји.

По настапот со „Пауер оф тауер“

„Ова, дефинитивно, е лето што ќе го паметам до крајот на животот“, додава Ветерова.

Scroll to Top