Васко од „Горила“ призна: Точно е, имаме нерасчистени сметки со Панчо и „ДНК“

Откако Репортер.мк ја сподели со јавноста приказната на Панчо од популарното дуо „ДНК“ за прекин на соработката со продукцијата „Горила“ поради нерасчистени сметки и го обвини дека е измамник, се огласи сопственикот и ги потврди информациите.

Сопственикот на продукцијата „Горила“, Васко Павлевски преку коментар на статусот на Панчо од „ДНК“ и се обрати на јавноста и ги потврди информациите.

– Навистина постојат делумно нерасчистени побарувања со ДНК и Владимир Блажев. За волја на вистината, концертот се одржа пред 50-тина дена, а не пред 5-6 месеци. Во процедура е прибирање на средствата од приходите, по што ќе следува остатокот од распределбата на побарувањата – вели Васко во својата информација до јавноста.

Менаџерот Павлевски покрај својата одбрана, го потсети Владимир Блажев (Диџеј Панчо) за големиот број на настани кои ги организирала токму неговата продукција. Панчо на ова му одговори дека не сака да извади други информации против него, но е сигурен дека многумина по ова ќе размислат дали ќе го поддржуваат и ќе работат со него и неговата продукција.

Не ретко се случува некогашни големи пријатели и најдобри соработници поради одредени несогласувања да го прекинат контактот без многу „галама“ во јавноста, но тоа не е случај за „ДНК“ и спомнатата продукција. Се повеќе е очигледно дека доколку набрзо не се расчистат сметките, сагата на социјалните мрежи ќе продолжи.

Scroll to Top