Првиот голем филмски фестивал во Европа, Берлинале официјално денеска ќе биде отворен со светската премиера на американската романтична комедија She Came to Me, во режија на Ребека Милер, а во главната улога е оскаровката Ен Хатавеј.
Најгламурозниот дел од оваа церемонија, како што пишуваат германските медиуми, ќе биде врачувањето на наградата за животно дело Златна мечка на Стивен Спилберг, повеќекратен добитник на Оскар, легендарен американски режисер, продуцент и сценарист кој во текот на својата кариера сними повеќе од 100 филмови и ТВ серии. На гала проекцијата ќе биде прикажан и неговиот најнов филм, интимната, автобиографска сага „Фабелманови“.
Како што најавија челниците на Берлинале, Карло Катриани и Мариет Ризенбек, романтичната, духовита и оптимистичка драма She Came to Me е избрана за вовед на овогодинешниот фестивал, кој ќе се прикажува вон конкуренција, а на црвениот тепих пред Am Potsdamer Theatre Platz се очекува да пристигне главната актерска екипа на филмот – покрај режисерот Милер и Ен Хатавеј, Питер Динклиџ, кој ја толкува главната машка улога, и оскаровката Мариса Томеи, Џоана Кулиг и Брајан д арси Џејмс.
Во главната програма на 73. Берлинале ќе бидат прикажани 19 филмови во трката за Златната мечка, а натпреварувачката селекција пред два дена, во последен момент во издание на списанието Верајети, ја заврши анимираниот филм Арт Колеџ 1994 година, во режија на Лиу Џијан, кој првично беше планиран за фестивалот во Кан.
Премиерно на Берлиналето ќе биде прикажан и документарниот филм „Супермоќ“ на Шон Пен и Арон Кауфман за украинскиот претседател Володимир Зеленски, руската инвазија на земјата и тековната војна, што ќе игра вон конкуренција.
Во главната конкуренција се нови дела на режисери кои во претходните години триумфирале во Берлин, како Филип Гарел, Кристијан Пеколд, Џон Тренгов. Како што најави Катриани, шест филма во главната конкуренција биле режирани од жени. За потсетување, интересно е што на минатогодишниот фестивал триумфираа жени – Златната мечка за најдобар филм ја доби шпанската режисерка Карла Симон за драмата „Алкарас“, Сребрената мечка за режијата и припадна на Клер Дени и Наталија Лопез Галардо, а за најдобро сценарио награда зема Лили Стилер.
Со главното жири ќе претседава актерката Кристен Стјуарт, а во последен момент, според Вераџети, биле објавени имињата на останатите членови на ова жири – минатогодишната победничка на Берлинале Карла Симон, водечки шпански режисер и сценарист, познат романски режисер и сценаристот Раду Жуде, германски режисер ќе одлучува и за најдобрите остварувања и писателката Валеска Грисебах, иранско-француската актерка Голшифтех Фарахани, американскиот кастинг директор и продуцент Франсин Мајслер и режисерот и продуцент од Хонг Конг, Џони То.
Покрај Златната мечка за најдобар филм, на Берлинале се доделува и Гран-при на жирито, како и Сребрени мечки за најдобар режисер, актер, актерка, сценарио и саундтрак. Од 1992 година, наградата Теди се доделува и за филм кој ја обработува темата на ЛГБТ популацијата.