Вера од „Љубојна“: Со „Парите се отепувачка“ ни почна љубовта со Оливер

Вера Милошевска, пејачката на „Љубојна“, отсекогаш ја сакала традиционалната музика. Уште од дете ја слушала народната песна.  Иако, вели таа, едно време било срамота да кажеш дека слушаш народно, оти било популарно да се слуша џез или рок, сепак, таа никогаш не се откажала од етно музиката. Вели: „Народната музика е коренот на секоја друга музика што се создава“.

Со „Љубојна“, оваа година прославуваат 18 години на сцената. До сега снимиле 11 албуми со традиционална музика, а најновиот ќе го промовираат следниот месец.

„Кога со Оливер ја формиравме ‘Љубојна’, ја фативме публиката неспремна за нешто ново. Луѓето во тоа време нашата музиката ја нарекоа етно, а таа не е етно, туку традиционална. Но, ние разбудивме една идеја за тоа што може да се прави од традиционалната музика и публиката тоа го прифати. Секој што работел со нас низ годините, додал мал ‘зачин’ во ова што го работиме, па така нашата музика стана препознатлива“, ни раскажа Вера.

Таа и Оливер Јосифовски, кој е композитор на песните на „Љубојна“, но и свири на контрабас во бендот, се долго во брак. Имаат две деца. Нивната љубов почнала три години откако почнале да соработуваат. За тоа како тргнала љубовта, кој е построг родител, дали би пеела поп-песни, за претставата „Парите се отепувачка“ и за работата како професор во средното музичко училиште, гледајте го интервјуто…

Андријана Јовановска

Scroll to Top