(Видео) Александра Заева беше манекенка на ревијата во Струмица

Во едноставен сив фустан и црни чевли, Александра Заева, ќерката на премиерот, беше манекенка на модната ревија за лицата со попреченост. Ревијата втор пат се организира во Струмица и се одржа вчера во хотелот „Вила Парк“.

Лани , во улога на менекнка беше сопругата на премиерот, Зорица Заева, која за „Репортер“ тогаш изјави дека без двоумење, веднаш ја прифатила поканата.  Ревијата под мото „Убави сме, свои сме“ ја орагнизира Здружението за помош и поддршка на лица со попреченост „Вера”, испраќајќи порака дека сите сме исти и заслужуваме достоинствен живот и прифаќање и покрај различностите.

https://www.instagram.com/p/Bq5ulcXFJoi/

На ревијата настапија и оперските пејачи Васил Гарванлиев и Јаворка Витанова, пратеничката Катерина Кузмановска, Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, шефицата на кабинетот на премиерот, Мирјана Јанева, ќерката на премиерот, Александра Заева, спортистите Дени Масев и Зоран Балдовалиев, креаторката Емили Пишева.

Зорица Заева во смокинг беше манекенка на ревијата во Струмица

 

Scroll to Top