Пејачот Огнен Здравковски ја промовираше својата најнова песна „Извини“. Автори се Лазар и Магдалена Цветкоски, а спотот го режираше Гордан Божиновски. Во спотот, покрај Огнен се појавува моделот Ана Даја Гри. Пејачот вели дека ова е негово ремек дело и се надева дека песната брзо ќе ја освои публиката.
„Мислам дека ќе ги добијам симпатиите на публиката. Верувам дека секој пејач посакува да направи вакво нешто. Оваа песна имаше и српска верзија која излезе пред еден месец, а и за неа добивам само пофални коментари“, изјави Огнен.
Македонската публика намногу го памети Огнен по неговото учество во музичкото шоу „Ѕвездите на гранд“.