(Видео) „Добра ноќ, добар ден“ новата песна на Мијата

Мијата има нова песна насловена „Добра ноќ, добар ден“ за која има и видео запис направен од нејзиниот концерт кој неодамна го направи во Куршумли – Ан во рамките на прoграмата на Скопско Лето.

Песната се наоѓа на новиот албум на Мијата, насловен „Вида“.

„Официјалниот видео запис ја визуелизира атмосферата од концертот кој се одржа на 28ми јуни а всушност беше концертна промоција на албумот“, изјави Мијата.

Музиата е на Мијата и Елизабет Паул, текстот на Мијата, аранжманот, клавијатурата и микссот се на Ангел Ќосев. Придружни вокали се Мартина Нанеска, Елена Васова, Дино Хриџиќ, Стефан Манасиевиќ, Бранко Илиевски и Зоран Тортевски. Режијата и монтажата се на Љупчо Трајковски.

Мијата денска со почеток во 19 часот ќе ја отвори сезоната на музичко вечерно матине кое традиционално се одржува во Скопје Сити Мол. Мијата ќе изведе авторски и кавер репертоар, и ќе настапи со акустичен состав придружувана од Кире Мирчовски на гитара и Иво Митковски на бас гитара.

Фото: Вангел Тануровски  и Фросина Ангеловска

 

Scroll to Top