Албанскиот премиер Еди Рама ѝ се пушти на италијанската премиерка Џорџа Мелони одзади. Тој ѝ се пушти на настан во Молдавија, а на видеото кое за брзо стана хит, се гледа како ја фаќа за врат и силно ја бакнува во образ.
„Успеав да го снимам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони“, рече новинарката Анета Захова.
Опозицијата во Албанија го дочека Рама на нож и рече дека премиерот се однесувал како холивудска ѕвезда на црвениот тепих.
„Рама ја љуби Мелони, но, не ги зголеми пензиите. Не сме против двата премиера да бидат пријатели, но што има од тоа народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не се гласаат за да бидат популарни, туку за да работат. Овде главна преокупација им се кликовите. Властите се собираат и гледаат кој има најмногу кликови“, рече поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.
Neměla bych náhodou pracovat pro bulvár?
Podařilo se mi zachytit, jak albánský premiér Edi Rama pomuckal italskou premiérku Giorgiu Meloni.#EPCMoldova pic.twitter.com/NuXbN8xU73
— Aneta Zachová (@AnetaZachova) June 1, 2023
За потсетување, Рама во текот на политичката кариера е познат по неговите невообичаени облекувања и шокирачки потези на официјалните средби.