Ели Голдинг на сцената ја погодија со пиротехничко средство. Пејачката доживеала голема непријатност на концертот, при што и бил загрозен животот.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како пејачката за малку ќе настрадала кога пиротехничко средство ја удира во лицето.
Додека ја пееше песната „Miracle“ на фестивалот Викториус во Портсмут, ја зафати пламен, а пејачката скокна и се фати за лицето.
За среќа, таа не била повредена и продолжила да пее како ништо да не се случило, а видеото од инцидентот се појави на социјалните мрежи.
@random.15071 #elliegoulding #victoriousfestival ♬ original sound – Emilia hollands