(Видео) Елиф Елмас ќе игра во Италија, потпиша договор со „Наполи“

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Елиф Елмас ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со италијанскиот клуб „Наполи“. Неофицијално, договорот е за 5 години, а од него Елмас ќе заработува по околу 1,5 милиони евра годишно. Со тоа Елмас стана најскапиот македонски фудбалер што направил трансфер во странство. Елмас доцна вчера пристигна во кампот на „Наполи“ во Димаро и од денес ќе поче да тренира со „наполитанците“.

19-годишниот Елиф кариерата ја почна во „Работнички“, а оттаму замина во „Фенербахче“ во Турција, каде што играше од 2017 година. Иако се шпекулираше дека за него се заинтересирани клубови од Англија, македонскиот репрезентативец ја прифати понудата на тимот од Рим и следната сезона ќе тренира со еден од најдобрите светски тренери, Карло Анчелоти. Во „Наполи“ пред него играше Горан Пандев.

Елмас играше и за репрезентација на Македонија во категориите под 16, под, 17, под 18, под 19 и под 21 година. Првиот натпревар за сениорската репрезентација го имаше на 11 јуни 2017 против Шпанија во Скопје. Досега има дадено два гола за националниот тим, двата против Латвија.

https://twitter.com/MacedonianFoot/status/1153651171409760257?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1153651171409760257&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Felmas-vo-dresot-na-napoli-video%2F

Scroll to Top