(Видео) Филип Пецовски пак растури на „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша на нозе

Македонскиот пејач Филип Пецовски повторно ја крена на нозе публиката во „Ѕвездите на Гранд“, но и Јелена Карлеуша која е негов ментор. Таа од почетокот на настапот го бодреше 21-годишниот Филип, пееше и играше со него, а на Саша Поповиќ цело време му раскажуваше колку е добар: неговата емоција додека пее, сценскиот настап и односот со публиката. Публиката го дочека со бурен аплауз и воодушевување, исто како и на првиот настап.

Филип овојпат ги пееше „Лагала нас мала“ од Тоше Проески и Тони Цетински и „Уби ме ти“ од Бобан Рајовиќ. Тој доби пет гласа од жирито и директно се пласираше во третиот круг.

„Така се пее во Македонија. Јас тебе те обожавам“, рече Карлеуша по настапот на Филип.

Настапот на Филип почнува на 2:07:32 минута.

Scroll to Top