На манифестацијата „Докторска одисеја“ која се одржуваше во 2005 се пееја песни со критика на состојбите во здравството. Па така и актерката Тања Кочовска ја отпеа песната „Балада за Фондот за здравство“, по текст на Миодраг Врчаковски, а музикате е познатиот евергрин од Верица Ристевска „Галебе мој тажен“.
И по 17 години откако е отпеана песната, со оглед на она што се случува во здравството, песната одговара одлично на овие денешни времиња.